|

Милеј ги доби изборите во Аргентина

Аргентинскиот претседател Хавиер Милеј, познат по радикалните буџетски кратења, оствари значајна победа на парламентарните избори, зајакнувајќи ја својата програма за економски реформи поддржана од САД, јавува БГНЕС.

Партијата „La Libertad Avanza“ (LLA) освои 40,84% од гласовите за Конгресот, според официјалните резултати базирани на 90% преброени ливчиња. Централно-левичарското перонистичко движење заврши на второто место со 31,64%.

Победата ја консолидира позицијата на Милеј, кој продолжува со плановите за намалување на државната администрација и дерегулација на економијата. Изборите беа прв национален тест за неговата поддршка по две години на власт.

Во пресрет на изборите, нестабилноста на песото го натера Милеј да побара финансиска помош од американскиот претседател Доналд Трамп, кој најави пакет помош од 40 милијарди долари, но со предупредување дека „нема да биде дарежлив“ ако резултатите не му одат во прилог.



Слични Објави