Милков: Не гледаме ниту еден чекор во РСМ во насока на т.н европски предлог
Затворањето на бугарските културни клубови во РСМ е елемент од зголемувањето на тензиите. Ова го изјави министерот за надворешни работи на Бугарија Николај Милков при влегувањето во Собранието, јавува БГНЕС. Тој одби да го коментира интервјуто со претседателот на РСМ Стево Пендаровски, за да не придонесе за зголемување на тензиите, но беше дециден дека не гледа напредок.
„Дали свесно се обидуваат да ја подигнат тензијата, не знам, но она што исто така би го кажал е дека откако беше усвоен таканаречениот европски предлог, кој беше усвоен од целата Европска унија, од Бугарија и од Р. на Северна Македонија на парламентарно ниво не гледаме ниту еден чекор што е направен во насока на негово спроведување или спроведување на договорот, ниту во учебниците, ниту ништо. Да не зборуваме за други чекори“.

