|

Милошоски: По извршената контрола во Агенцијата за разузнавање, постои потреба од сериозно реформирање на безбедносните служби

Денес, како претседател на Комисијата за надворешна политика ги придружував колегите пратеници од Комисијата за надзор во посетата на Агенцијата за разузнавање, информира преку социјалните мрежи Антонијо Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Од страна на Агенцијата за разузнавање ни беа презентирани безбедносните процени за состојбата во Косово и во БиХ. Главно прашање поставено од група пратеници беше кои биле сознанијата и преземените дејствија на Агенцијата за разузнавање во врска со скандалот во Грција за користење на софтверот ‘Предатор’ за следење на комуникациите, а за кои има индиции дека се производ на македонската фирма ‘Сајтрокс’, која од неодамна беше ставена на црната листа на САД поради безбедносен ризик. Следна тема на интерес беше дали Агенцијата за разузнавање имале сознанија дека раководител на друга државна безбедносна агенција, надвор од законските овластувања, водел преговори со разузнавачка служба на соседна земја за набавка на опрема за следење на комуникациите во Македонија“, информира Милошоски.

Според него, добиените информации на овие две теми упатуваат на заклучок дека постои потреба од сериозни реформи во безбедносно-разузнавачкиот сектор.

Слични Објави