Милотинова: Од клучно значење е Бугарите да бидат запишани во Уставот на РС Македонија
Бугарскиот претседател Румен Радев категорично изјави дека пред РС Македонија да ги започне преговорите со ЕУ, Бугарите таму треба да бидат запишани во нивниот Устав.
Во која насока ќе се движат односите меѓу двете земји по размената на владините посети?
„Организациите на македонските Бугари сакаат да бидат вклучени во Уставот, а Бугарија го поддржува нивното барање, тоа е сосема разбирливо. Во Уставот на РС Македонија се вклучени многу други делови од народи. Таму се Албанците, Србите, Ромите, дури Бошњаците. Нелогично е Бугарите да не се запишани“, изјави Милена Милотинова, новинарка и авторка на емисијата „Брисел 1“ на тв. БГOnAir.
Милотинова е автор на познатите и во РС Македонија документарни филмови: „Хроника за едно национално предавство“ и „Само затоа што беа Бугари“, посветени на македонското прашање.