Минатата недела 31 отсто помалку заразени, намален бројот и на реинфекции и на починати

/

Продолжува намалувањето на бројот на заразени, хоспитализирани и починати од Kовид-19, покажува неделниот извештај на Институтот за јавно здравје за периодот од 4 до 10 април 2022 година.

Mинатата недела тестирани се вкупно 14.434 материјали за присуство на Ковид, со намалување од 3,0 проценти во однос на една недела претходно.

Регистрирани сe 1.106 нови позитивни случаи од 33 градови во државата, со намалување од 31,0 отсто во однос на минатата недела. Процентот на позитивност се движи од 2,4 до 10,6 отсто, просечно 7,3 проценти.

Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје, а највисока неделна инциденца е регистрирана во Битола, Демир Капија и Ресен. Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 години. Најмал број е регистриран кај возрасната група од 0 до 9 години.

Во однос на претходната недела, се регистрира намалување кај сите возрасни групи, а најзабележително намалување во споредба со минатата недела се забележува кај возрасната група од 50 до 59 години.



Во текот на минатата недела со статус оздравени се стекнале 1.530 лица во хоспитализирани услови или на домашно лекување, 10,6 отсто помалку во споредба со минатата недела.

Во текот на минатата недела вкупно се пријавени 175 реинфекции, со намалување од 36,1 отсто во однос на претходната недела.

Пријавени се 10 смртни случаи во 4 градови со датум на смрт во текот на изминатата недела, за 23,1 отсто помалку во однос на претходната недела. Најголем дел од нив се од Скопје (6). Во однос на возраста, регистрирани се 9 починати од возрасната група над 60
години и еден починат од возрасната група од 50-59 години.

Претходна статија

Владата: Со антикризните мерки поевтини цени на горивата

Следна статија

Владата: Платите во образованието веќе се зголемени 21 отсто, барањата треба да бидат реални

Најново од Вести

Ковачев: На местото на спомениците на окупаторската Црвена армија во Софија и во Пловдив да се постават споменици на Левски, Ботев, Гоце Делчев, Тодор Александров и Ванчо Михајлов

Бугарскиот европратеник од редовите на ГЕРБ-СДС Андреј Ковачев, даде интересна идеја за тоа што треба да