| |

МИНЧО ЈОРДАНОВ МУ ДАЛ 5000 ЕВРА НА ЗОРАН БОЖИНОВСКИ НО НЕ БИЛ ЗАДОВОЛЕН ОД НЕГОВАТА РАБОТА

Бизнисменот Минчо Јорданов во моментот сведочи на судското рочиште за случајот „Шпион”, во Кривичниот суд, јавува Фокус.

– Бидејќи имав интереси во повеќе компании, мене ми беа потребни податоци за тие фирми, за тоа дали се во процес на приватизација, како и одредени информации за партнерите, информации кои можат да го рашират и зајакнат бизнисот.

-Му дадов 5.000 евра на Божиновски за да направи аналитичко истражување, но за жал се покажа дека таа анализа беше подолу од било каков кафански муабет, без факти и поради тоа прекина нашата соработка, истакна бизнисменот.

Јорданов во кафеана му кажал на Божиновски дека е незадоволен од неговата работа, но како што рече Божиновски не се согласувал и му барал уште пари.

Откако соработката прекинала, Јорданов истакна дека Божиновски во Буре весник почнал да го уценува, па ширел лаги како на пример дека во болницата Ремедика се вршело трговија со органи, јавува Фокус.

Слични Објави