МИНИСТЕРКАТА АПОСТОЛСКА ВО РАБОТНА ПОСЕТА НА ОПШТИНА ВЕЛЕС

//

Почитувани,

Ве известуваме дека утре(14.06.2018) министерката без ресор задолжена за странски инвестиции, Зорица Апостолска ќе реализира работна посета на Општина Велес.

Во рамки на посетата, министерката Апостолска ќе одржи работен состанок со градоначалникот Аце Коцевски, ќе се презентираат владините мерки за поддршка на инвестициите пред локални бизнисмени и ќе се посетат неколку странски компании кои работат во општината.

Во 10:50 часот во просториите на Општина Велес(ул. Панко Брашнар бр.1)министерката Апостолска и градоначалникот Коцевски ќе дадат изјава за медиумите.



Во 11:00 часот ќе започне средбата со претставниците на бизнис заедницата од Велес.

Го покануваме вашиот медиум да го проследи настанот.



Претходна статија

МИНИСТЕРОТ ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ ОЛИВЕР СПАСОВСКИ ВО РАБОТНА ПОСЕТА НА СЕКТОРОТ ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ ВО ТЕТОВО

Следна статија

СРЕДБА НА ПРЕМИЕРОТ ЗАЕВ И МИЦКОВСКИ: ГРАЃАНИТЕ ИМААТ ДЕМОКРАТСКО ПРАВО ДА СЕ ИЗЈАСНАТ ЗА ИДНИНАТА НА МАКЕДОНИЈА

Најново од Вести