Министерот Османи во прва работна посета на Јордан

/

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, утре ќе престојува во прва билатерална посета на Хашемитското Кралство Јордан, на ниво на министри за надворешни работи.

За време на посетата, најавуваат од МНР, Османи ќе оствари средба со заменик премиерот и министер за надворешни работи и иселеништво на Јордан, Ајман Сафади, во чии рамки ќе биде потпишан Протокол за соработка меѓу двете министерства за надворешни работи.

Министерот Османи треба да се сретне и со министерот за земјоделие на Јордан, Калид Ал-Ханифат, со кого ќе потпишат Меморандум за соработка во областа на земјоделието, што претставува прв меѓународен договор меѓу владите на двете земји.



– Целта на посетата е понатамошно унапредување на билатералните односи меѓу Северна Македонија и Јордан, со посебен акцент на соработката во економијата, земјоделието, бизнис релациите и културните врски меѓу двете земји, соопштија од МНР.

Претходна статија

Ковачевски: Од повозрасните може многу да се научи

Следна статија

ССМ и синдикалните организации на Пошта бараат итна средба со Владата, во спротивно најавуваат протест

Најново од Вести