| |

Министерот за култура на Бугариja Маријан Бачев му подари сребрен медаљон на познатиот бугарски актер Руси Чанев по повод неговиот 80-ти роденден

Министерот за култура на Бугарија, Мариан Бачев, синоќа свечено го отвори 43. издание на Фестивалот на бугарскиот игран филм „Златна роза“ во Варна.

„Ова е еден од најзначајните и најпрестижни кинофоруми во културниот календар на нашата земја, кој Министерството за култура има чест да го поддржува“, истакна министерот Бачев во своето обраќање на официјалното отворање. Настанот го посетија гувернерката на Варна Андријана Андреева, заменик-градоначалникот Павел Попов, директорот на Националниот филмски центар Петар Тодоров – главен организатор на фестивалот, како и уметничкиот директор Александер Донев.

Бачев изрази задоволство што Варна повторно ќе стане сцена на која ќе оживеат приказните и потрагите на бугарските кинематографери. Тој нагласи дека годинашново издание не само што ги претставува најновите достигнувања на националната кинематографија, туку и ја потенцира важноста на меѓународниот дијалог и соработка. „Присуството на истакнати творци од различни земји во жирито, заедно со водечки домашни имиња, е јасен знак дека бугарскиот филм е активен учесник на светската сцена“, додаде министерот.

Свеченоста беше посветена и на јубилејот – 80 години од раѓањето на легендарниот актер Руси Чанев, кој остави длабока трага во бугарскиот театар и филм. Во неговата чест, Министерството за култура му додели сребрен медалјон со ликот на Рилскиот манастир. „Руси Чанев со своето присуство на сцената и екранот е вистински чувар на сеќавањето и достоинството на бугарската култура“, рече Бачев.

За големата награда на „Златна роза“ оваа година ќе се натпреваруваат 16 долгометражни и 18 краткометражни филмови, како и два серијали, а дополнителни 20 остварувања ќе бидат прикажани во вонконкурсната програма и специјални проекции. Фестивалот започна со проекција на филмот „Љубоф“ на режисерот Ивајло Христов.

Министерот Бачев упати честитки до организаторите од Националниот филмски центар и партнерите кои со труд и љубов кон Седмата уметност го овозможија овој празник. Тој им посака успех на учесниците и незаборавни филмски доживувања на публиката.

Слични Објави