МИНИСТЕРОТ ЗА ОБРАЗОВАНИЕ АДЕМИ СЕ СРЕТНА СО ФРАНЦУСКИОТ АМБАСАДОР ТИМОНИЕ

//

Министерот за образование и наука, Арбер Адеми денеска оствари средба со амбасадорот на Франција во Република Македонија, Кристијан Тимоние.

За време на разговорот, министерот Адеми потенцираше дека и натаму реформирањето на основното образование преку изготвување и примена на целосно ново законско решение, изработка на нови наставни програми и учебници со подобрена содржина, како и унапредување на квалитетот на средното образование особено во стручните училишта, остануваат да бидат главни приоритети во работењето на Министерството за образование и наука во периодот што следи.

Адеми вети дека од позиција на министер за образование и наука максимално ќе се заложи за продлабочување на соработката помеѓу двете земји во сите образовни сегменти и области.



Од францускиот амбасадор доби честитки за именувањето на функцијата и уверување дека Франција и натаму останува голем  поддржувач на Република Македонија во процесите за унапредување на квалитетот на националниот образовен систем, преку реформите кои се дефинирани во стратешките владини документи.

Претходна статија

ТИБЕТСКИ ТЕСТ КОЈ ЌЕ ВИ ОТКРИЕ МНОГУ ИНТЕРЕСНИ НЕШТА ЗА САМИТЕ ВАС

Следна статија

БЕКТЕШИ: ПРИРОДЕН ГАС ДО СИТЕ ОПШТИНИ

Најново од Вести

Историскиот музеј во Благоевград ќе претстави две монографии, за ВМРО и за улогата на активните жени во бугарските заедници во Македонија и Одринска Тракија

Во Регионалниот историски музеј – Благоевград денеска ќе бидат претставени две монографии на д-р Елена Александрова,