ЗАШТИТА ОД КРАЖБИ ВО ЛЕТНИОТ ПЕРИОД ВО ОПШТИНА АЕРОДРОМ

//

Општина Аеродром денеска пред ТЦ „Капитол Мол“ го промовираше проектот „Заедно до поголема сигурност“, за превенција од имотни деликти и кражби во летниот период, кој се организира во соработка со полициската станица „Аеродром“, СВР Скопје и „Капитол Мол“.

Целта на проектот е да се информираат граѓаните како да се заштитат од кражби, со што ќе се подобри безбедносната состојба на територијата на Општината и Град Скопје. Во рамките на проектот пред ТЦ „Капитол Мол“ ќе биде поставен информативен пункт на кој полициски службеници ќе делат совети и ќе одговараат прашања од граѓаните. Оттука ќе се дели пропаганден материјал и препораки за спречување кражби во станови, куќи и возила.



Преку едукацијата на граѓаните се подигнува свеста за преземање соодветни мерки за самозаштита од провални кражби. На овој начин се зголемуваат безбедносните мерки и безбедносната култура и се интензивира соработката меѓу граѓаните и полицијата.

Претходна статија

ПОТПИШУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ ЗА ДОНАЦИЈА СО АМБАСАДОРОТ НА ЧЕШКАТА РЕПУБЛИКА ВО МАКЕДОНИЈА

Следна статија

ТИБЕТСКИ ТЕСТ КОЈ ЌЕ ВИ ОТКРИЕ МНОГУ ИНТЕРЕСНИ НЕШТА ЗА САМИТЕ ВАС

Најново од Вести