Министерот за одбрана на Бугарија Атанас Запрјанов се сретна со делегација од Конгресот на САД
Во Министерството за одбрана на Бугарија се одржа средба меѓу министерот Атанас Запрјанов и делегација од Конгресот на САД, предводена од конгресменот Пат Фалон од Претставничкиот дом, јавува бугарското Министерство за одбрана.
За време на средбата, која се реализира во рамки на посетата на американската делегација во Бугарија, беа разгледани тековни прашања од билатералната соработка во областа на одбраната, како и актуелни теми поврзани со безбедноста. Во разговорите учествуваа началникот на одбраната адмирал Емил Ефтимов и заменик-министерката за одбрана Аделина Николова.
