| |

СКИНАТ СТРУЕН КАБЕЛ ОД БАНДЕРА ЗАПАЛИ КУЌА ВО ВИЗБЕГОВО

Вчера утро во 06,10 часот во СВР Скопје, К.В.(47) од с.Визбегово пријавил дека се скинал кабел од бандера и паднал врз кровот од неговата куќа, при што предизвикал пожар. Опожарена била кровната конструкција и вториот спрат од куќата.

Повредени лица нема, а од страна на Бригадата за противпожарна заштита пожарот бил целосно изгаснат.

Извршен е увид.

Слични Објави