НИКОЛОВСКА: ФИНАНСИЕРИТЕ НА СДСМ ДОБИВААТ ЛИЦЕНЦИ ЗА ОДГЛЕДУВАЊЕ НА КАНАБИС

Финансиерите на СДСМ добиваат лиценци за одгледување на канабис, изјави Ружица Николовска од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција.

Николовска објави дека фирмата МАР МЕДИКА ДОО од Куманово е уште една компанија на која Владата и доделила лиценца за одгледување на канабис.

Еден од управителите на оваа фирма е лицето Бобан Спасовски од Куманово, рече Николовска, тврдејќи дека станува збор за сопственик на ДЕЛУКС АУТО, фирма која добила 30 тенедри од државата, за набавка на автомобили.

„Во фирмата МАР МЕДИКА ДОО која добила лиценца од Владата на Заеви сопственици се два правни субјекти, од кои едниот е компанијата УПМ ГРУП Куманово, чиј сопственик е ДЕЛУКС АУТО од Куманово, а сопственик на ДЕЛУКС АУТО е Бобан Спасовски. Бобан Спасовски и ДЕЛУКС АУТО се донатори во партијата на Заев, додека пак мора да напоменеме дека само во последнава година има земено 30-тина тендери од државата за набавка на автомобили. Дали СДСМ ги враќа долговите кон своите донатори со издавање лиценци за одгледување канабис или пак ги задолжува за наредните избори и кој е критериумот по кој токму финансиер и близок до СДСМ добил лиценца од државата“, рече Николовска.

Таа заклучи дека лиценците треба и мора да бидат предмет на ревизија, односно дали сите компании ги исполнуваат условите за доделување на лиценци.

Николовска вчера обвини дека лиценца за одгледување на марихуана добила и фирма во која сопственик е син на поранешен пратеник од СДСМ.