| | |

(Видео) Објавена снимката од моментот кога од урнатините во Лавов беше извлечено телото на 9-годишното девојче

Украинската јавна телевизија „Суспилне“ објави видео од спасувачки тим како извлекува тело на 9 годишно девојче од урнатините на станбена зграда во Лавов, западноукраинскиот град кој утринава беше нападнат од Русија со хиперсонични ракети.

Во утринскиот напад со хиперсонични ракети и беспилотни летала врз Лавов загинаа седум лица, меѓу кои три деца, изјави градоначалникот на тој град Андриј Садовиј.

Едно од убиените деца било бебе.

Слични Објави