ПОЧИНА ПИСАТЕЛОТ ПЕТКО ШИПИНКАРОВСКИ

Утрово почина македонскиот писател Петко Шипинкаровски, раскажувач, поет, есеист и автор за деца. Роден е на 22 септември 1946 година во Будимирци, Битолско. Беше член на Друштвото на писатели на Македонија (ДПМ) од 2006 година.

Шипинкаровски бше член на ДПМ од 2006 година. Автор е на следните романи: „Откорнати души“ (2003), „Петра“ (2005), „Црна љубов“ (2006), „Дабјак“ (2009), „Златни обетки за Марија“ (2011), „Децата на Марија“ (2012), „Утринска молитва“ (2015) и романизирани монографии: „Кога тргнав, Цвето, во туѓина“ (2006) и „Струшки сведоштва“ (2007). Ги има објавено и збирките раскази „Залезнина“ (2008) и „Еден живот, една приказна“ (2016), како и поетските книги: „Седело на орлица“ (2006), „Бели ветрови“ (2009), „Злоуми“ (2011), „Бели утра“ (2013) и „Доаѓаат дождовите“ (2015). Автор е на драмските текстови „Духот на војводата“ (монодрама, 2003) и „Крлеж на вратот“ (2017), на есеистичката книга „Кога животот е уметност, уметноста живот“ (2014) и на збирката раскази за деца „Разбранувани води“ (2017).

Погребот ќе се изврши утре, на 27 јануари, во 13 часот, на градските гробишта во Струга.





Претходна статија

СНИМАТЕЛИТЕ ОД „МЕДЕНА ЗЕМЈА“ ДОБИТНИЦИ НА „ASC“ НАЈПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА ВО КИНЕМАТОГРАФИЈАТА

Следна статија

„ВИОЛИНСКИ КЛАСИЦИ“ ВО ФИЛХАРМОНИЈА В ЧЕТВРТОК

Најново од Култура