|

ПОЖАРОТ ВО МАГАЦИНОТ ЗА МУНИЦИЈА ВО РУСИЈА Е ИЗГАСНАТ

Руското Министерство за одбрана соопшти денеска дека пожарот во складиштето за муниција во воена база во областа Ачинск е угаснат, пренесува Фокус.

„Пожарот во складиштето за муниција во централниот воен округ во областа Ачинск во регионот Краснојарск е целосно изгаснат. Муницијата престана да експлодира околу 5 часот наутро во Москва”, се вели во соопштението на Министерството.

Според првичните наоди, човечка грешка е причина за пожарот, по кој следуваа повеќечасовни експлозии.

Слични Објави