|

Министерот за правда предлага распуштање на Судскиот совет

Министерот за правда предложи распуштање на Судскиот совет, по скандалозните случувања во ова тело.

„Го осудуваме тоа што се случи во Судскиот совет и сите не загрижува. Очекувам враќање во нормала. Едно од можните решенија е да престане мандатот на сегашниот состав“, рече Лога.

Лога рече дека за да дојде до законските измени, ќе биде потребна согласност и од власта и од опозицијата во Собранието, па според него за можен консензус деновиве ќе разговара со нивни преставници.

Случувањата во Судскиот совет предизвикаа остри критики од јавноста и од меѓународните институции.



Слични Објави