Министерство за одбрана: Нема никаква загрозеност за военото складиште од пожарот кај Богословец

/

Министерство за одбрана денеска информира во врска со информациите кои во текот на вечерните часови беа присутни на социјалните мрежи и во одредени електронски медиуми за евентуална загрозеност на воен објект, поточно воено складиште, од пожарот кој беше присутен во поширок реон на Овче Поле кај Богословец.

Од таму велат дека во моментов нема никаква загрозеност за споменатиот воен склад од пожарот на гореспоменатата локација, како и за ниту еден друг воен објект за кои правовремено се превземени сите потребни мерки за противпожарна безбедност.

„Имено, во текот на попладневните часови по отпочнување на ширење на пожарот на гореспоменатата локација со менување на насоката на ветерот кој се движел во правец на Штип, врз основа на претходно координирано информирање од терен, уште со самиот почеток на засилениот ветер и промена на правецот на пожарот, од страна на Армијата на Република Северна Македонија беа превземени сите потребни противпожарни мерки за безбедност на воениот објект.
Притоа, со воени инженериски машини и механизација како и ангажирање на триесетина армиски припадници се превземаа превентивни активности во однос на проширување на постоечниот противпожарен појас оклу објектот кој задолжително го имаат сите воени складови, како и подготвеност на противпожарната опрема во објектот зајакната со една воена цистерна при што и по непосредното приближување на пожарот ризикот од несакани последици беше сведен на минимум.

Во непрекината координација со надлежните од Центрот за Управување со Кризи за правецот на движењето на пожарот, во раните утрински часови е констатирано дека повеќе не постои потенцијална загрозеност на објектот.



Ве информираме дека на сите локации каде има објекти на Армијата постои соодветна потребна количина на противпожарни средства како и дека редовно се превземаат сите мерки согласно елаборатите за безбедност на воените објектите меѓу кое и за противпожарна заштита.

Припадниците на Армијата како дел од редовната обука еднаш годишно реализираат потребен број на часови во обука од ПП заштита, индивидуално и со асистенција на територијалните противпожарни единици, при што сите стекнуваат потребно познавање за ангажирање во случај на пожар, а особено при ПП заштита на воени објекти.

Воедно Ве информираме дека во текот на вчерашниот ден во координација со надлежните структури согласно прогласената кризна состојба околу 450 припадници на Армијата беа ангажирани во гасење на пожарите на 11 локации ширум Републиката. Продолжуваме со заеднички сили со сите институции и граѓаните во конечно справување со оваа елементарна непогода“, се вели во соопштението од Министерството за одбрана.

Претходна статија

Загина 18-годишна девојка во сообраќајка кај патарината во Романовце

Следна статија

450 полициски службеници ангажирани во последното деноноќие за превенирање и гасење на пожарите

Најново од Вести