|

Министерство за правда: Хрватска ќе го помогне евринтегративниот пат на нашата земја

Во Загреб беше одржана билатерална средба меѓу министерот за правда и администрација на Хрватска, Иван Маленица и заменик на министерот за правда, Викторија Аврамовска Мадиќ.

Хрватска е добар пример за следење во однос на исполнувањето на конкретните задолженија во правосудството за зачленувањето на нашата држава во Европската Унија, соопштија од Министерството за правда.

Како што е нагласено, поглавјето 23 е едно од најобемните и сложени поглавја, а брзината и времетраењето на преговорите во оваа област дирекно влијаат врз напредокот на преговарачкиот процес.

Според ресорното министерство, дијалогот меѓу двете држави ќе продолжи во насока на наоѓање решенија базирани на европските вредности.

Слични Објави