| |

Министерството за иновации и раст на Бугарија со поддршка за микро и мали компании

Министерството за иновации и раст на Бугарија денеска го отвори јавниот повик за аплицирање за дигитализација на микро- и мали претпријатија преку Програмата „Конкурентност и иновации во претпријатијата“, јавува БГНЕС.

Вкупниот буџет на мерката изнесува околу 40 милиони евра. Неповратната финансиска поддршка која компаниите можат да ја добијат се движи од 2500 до 25 000 евра.

Со добиените средства ќе биде можно воведување на услуги и решенија за дигитален маркетинг, изработка на онлајн продавници, унапредување на сајбер безбедноста и заштитата на податоците. Исто така, се поддржува имплементација на системи за управување со ресурсите и организација на односите со клиенти (ERP и CRM системи), како и решенија за оптимизација на управувачките, производствените и логистичките процеси во компаниите.

Аплицирањето се спроведува целосно онлајн и ќе трае до 26 септември оваа година.

Слични Објави