| |

Министерството за образование и наука на Р. Бугарија го организира 25-от Државен натпревар „Млади таленти“

Министерството за образование и наука (МОН) на Р. Бугарија го организира 25-от Државен натпревар „Млади таленти“ на кој се поттикнуваат младите – ученици и студенти со потенцијал и интерес за наука и научни истражувачки иновации. Ова го соопшти прес-центарот на Министерството за образование и култура на Р. Бугарија.

Регулативата за учество предвидува изработка на научно-истражувачки и иновативни проекти во категориите: „Биологија“, „Хемија“, „Информатика“, „Инженерски науки“, „Наука за материјали“, „Математика“, „Медицина“, „Физика“ , „Општествени и хуманистички науки“ и „Екологија“.

Оваа година натпреварот ќе се одржи во периодот од 19 до 21 април. Краен рок за поднесување проекти е 20 март 2023 година на следните e-mail адреси: [email protected] и [email protected]

Учесниците рангирани на првите три места ќе ја претставуваат Бугарија на Европскиот натпревар за млади научници (EUCYS), кој е дел од иницијативите на Европската заедница за промовирање на научното творештво кај младата генерација. За учество на двата форуми се доделува парична награда од 2000 лева по проект. Три проекти добиваат право да учествуваат на Европската младинска научна изложба EXPO Science Europe во 2023 година. Три проекти добиваат стимулативни парични награди од по 1500 лева.

Правилникот и регистрациската форма за учество се објавени на веб-страницата на МОН на Р. Бугарија, во делот „Наука“ – конкурси.

БТА потсетува дека на 20 април 2022 година Министерството за образование и наука ги објави минатогодишните победници на Државниот натпревар „Млади таленти“. Средношколецот Стивен Огњанов од Софиската математичка гимназија (СМГ) „Паисиј Хилендарски“ во Софија, Радостин Чолаков од Математичката гимназија (МГ) „Акад. Кирил Попов“ во Пловдив и Петар Жотев од СМГ „Паисиј Хилендарски“ беа победници на натпреварот „Млади таленти“ на Министерството за образование и наука. Наградите тогаш ги соопшти и врачи заменик министерката за образование и наука Марија Гајдарова на свеченост во „Ротондата“ на МОН на Р. Бугарија.

Слични Објави