| |

Минко Ноев и борбата за уставното признавање

Наместо In Memoriam

Пишува Владимир Перев

Во бурните и превратни години по 1990 сите чекавме некаква промена. Јасно беше дека системот си заминува во историјата, но имаше дилеми за тоа, дали ќе опстане државата СФРЈ и ако опстане, во кој и каков формат ќе биде. Мислењата беа поделени, едните беа за платформата Глигоров-Изетбеговиќ, а другите, олицетворени во тогавашната ВМРО ДПМНЕ беа за самостојна држава. Сите знаеме што се случи, знаеме за успешниот Референдум и за освоената слобода и самостојност. Тогаш, во тие тешки времиња, ВМРО ДПМНЕ беше светилникот на слободата и самостојноста, сами и осамени, против целиот болшевички естаблишмент на Македонија и против сите, тогаш малубројни медии. Победата беше на ВМРО и беше остварување на дел од вековните идеали. Потврдата за тоа дојде најпрво од Софија, со актот на признавање на македонската државност, за неколку месеци подоцна, во Скопје да дојде и првиот бугарски амбасадор, Ангел Димитров. Меѓу македонските бугари беше дочекан со воодушевување, а отровните забелешки кон Бугарија во тие мигови, беа толкувани (сосема правилно) како последната организирана хајка кон бугарскиот елемент во Македонија. Присуството на бугарските дипломати говореше дека минува времето на организирани измислени хајки против македонските бугари и, некакви, во секој случај, подобри односи кон таа прикриена и формално недефинирана етничка општност.

Во таа прва постава дојде и дипломатот Минко Ноев. Насмеано лице, пријатна насмевка, топли очи и широк гест со рацете, беше неговата основна, првична карактеристика. Се запознавме и веднаш се спријателивме. Беше образован, говореше неколку јазици, бил на мандат во Норвешка, Португал и мислам во Србија. Ја познаваше ситуацијата на Балканот и тоа му беше големо предимство. Пријателството беше прикрепено со заедничките навики, да не речам страсти за седење по кафеанчињата крај Вардар, со друштво на истомисленици и секогаш со чашките во рака. Така, јас, писателот Миле Неделковски и Минко Ноев бевме редовна екипа за целодневни седенки со сериозни дози алкохол.

Никогаш не го прашав што работи во дипломатската мисија или какви му се задолженијата. Говоревме за општи работи во политиката, за европските состојби, за геополитчки размисли и имавме, релативно исти погледи. Се покажа дека има одлични познавања од македонските закони, специјално од Уставот на РМ и дека носи со себе идеја, покрај другите народи, да ги вметне и бугарите. Тоа беше на почетокот на деведесетите и јас бев против таа идеја. Слугував на стари и вкоренети ставови за местото на бугарскиот етнос во Македонија и тоа го кажав. Покасно разбрав дека сум грешел, ама секој си има право на сопствени заблуди.

Минко познаваше многу луѓе од Македонија, но покасно разбрав дека тој не ги познавал лично, но добро им ги знаел личните и семејните биографии. Врската меѓу нас беше двонасочна-тој прашуваше, јас и Миле Неделковски му одговаравме, потоа ние прашувавме, па тој ни одговараше, и така до бескрај или додека не не избркаа од кафеаната заради фајронтот. Сакаше да разговара со некои луѓе кои не ги познаваше, ама знаеше сѐ за нив. Му формиравме контакт, но никогаш не присуствувавме на разговорите. Никогаш не го прашав што и со кого разговарал. Истото го правеше и Миле Неделковски, дури беше и повоздржан од мене. Сепак, сите знаевме за што се работи.

Потоа, се промени ситуацијата. Јас почнав редовно да патувам во Америка и низ Европа, а на Минко му престана мандатот и се врати во Софија. Не се слушавме и не се јавуваме еден на друг, што и не е така невообичаено во светот во кој се движевме.

Еден ден, некаде есента 2020 ми зазвони телефонот и како некаде, од некој друг свет, се јави Минко Ноев. Се израдував. Прво ме праша за Миле Неделковски и му кажав дека е починат. Жалевме и двајцата. Се гледавме на видео и разбрав дека живее сам, а околу него се моташе една прекрасна мила жолта мачка. Беше љубител на животните. Таа беше секогаш во неговиот скут кога разговаравме на видео.

Веднаш и без многу увод, ја отвори неговата омилена тема за “внесувањето на македонските бугари во Уставот на Македонија. Се сложив, со еден внимателен тон, посочувајќи дека тоа може да е тежок процес со непредвидиви последици. “Не се тревожи“, ми вели тој расположено, “јас не сум сам, имаме поддршка“.

Потоа ми испрати линк до еден негов текст:

Останав малку зачуден от силината на текстот и реските, тврди изјави во него, нешто несвојствено на “нашиот“ секогаш пријатен соговорник Минко: От професор Драги от РСМ разбрахме, че историята била принадлежала на цивилизацията. Историята не е гражданско-правна категория и не може да бъде собственост, за да  принадлежи или да не принадлежи. Тя е тази, която е – низ от събития, които имат свои причини и корени както и съдби на хора участвували в тях и т.н. Тя не е собственост на някакви хора или комисии, които може да се разпореждат с нея като с недвижима собственост. Тя се основава на доказани документално факти, а не на възприятията на тоя или оня за нещо.

Потоа следи: Факт е, че северномакедонските   “академици” и “професори” помакедончват национално всеки когото решат, стигайки чак до прабаба ми Христина родена в с. Загоричани (Егейска Македония) , която никога не е живяла на територията на РСМ  като я записаха в свой труд за “македонка”…Всъщност РСМ е държавата с най-голям брой академици и професори по история на глава от населението може би в целия свят…..Възниква закономерно въпроса с какво част от турския народ (?) , влашкия  народ (?) , сръбския народ (?), ромския (циганския) народ (?)  и босанския народ (?) са благодарни на своите предци за жертвите и тяхната “посветеност и заложби” и борба за създаване на … суверенна държава Македония”. И какви всъщност жертви са дали техните предци  в борбата за независима и суверенна държава Македония?  За българите е ясно – дали са хиляди жертви и то в огромната си част родени на територията на днешна РСМ…. Отричането на присъствието на част от българския народ в РСМ днес и изтриването на българите от етно-националната карта на държавата е политически неприемливо . Това следва да бъде политически въпрос за България . Посочения  по-горе текст е редакция на първоначалния текст на Конституцията, приет през 1991 г. , в който са вписани само албанци, турци, власи и роми (цигани). С цитираната по-горе редакция бяха дописани сърби и бошняци (босанци). Няма да е трудно да бъдат дописани и българите. 

Тоа беше почетокот, потоа следеше и втора статија по темата од 7 мај 2020 година:

Досега над 120 000 българи, или хора от РСМ, са приели българския си национален произход и са заявили изрично своите български национални корени, като са получили българско гражданство по натурализация на това основание, а около 20 000 молби за българско гражданство очакват решение…България следва да постави въпроса и да изиска официално вписването на “част от българския народ” в Преамбюла на Конституцията (Уставот) на РСМ като държавотворен народ наред с останалите албанци, власи, роми (цигани), турци, сърби и бошняци. Това следва да стане незаобиколимо условие за нашата подкрепа за европейското бъдеще на РСМ, включително още при вземането на решение за започване на преговори.

Со Минко Ноев некако изненада, на почетокот на 2021 година престанавме да се слушаме. Ништо необично, но бев поразен од веста дека починал од последици од корона вирус. Да, и од начинот на живеење. Го носев споменот на нашето дружење, ама заборавив на неговите амбиции за внесот на македонските бугари во Преамбулата на Уставот на, сега веќе РСМ.

Потоа, некаде есента 2021 година со изненадување разбрав дека покојниот Минко имал брат, исто така дипломат и бивш министер на одбраната на Бугарија, Бојко Ноев. Ми се јави на телефон и се договоривме за средба од поширок формат. Целата група отиде на состанок со председателот Румен Радев некаде во октомври 2021 година, кога веќе Радев на Брдо кај Крањ, говореше за човековите права на македонските бугари. Претходно, во јули 2021 година, службениот министер за надворешни работи на Бугарија, Светлан Стоев даде изјава дека македонските бугари треба да влезат во уставот, како дел од бугарскиот народ на територијата на РСМ. Веќе на 26 јули Зоран Заев одговори дека тоа “ќе биде тешка и ризична работа“, ама веке лавината беше тргната, без никакви шанси за сопирање.

Сега веќе нема никакви дилеми за тоа што ќе следува. Амбицијата на Минко Ноев, претворена во неколку солидни текстови низ бугарските медии, станува реалност, подкрепена со силниот ангажман и влијание на неговиот брат Бојко Ноев, но и со залагањето на оние кои бевме негови пријатели. Времето покажа дека идејата била праведна, а вложените напори ја осмислија нејзината реализација. Правдата е задоволена, за фантастот и боемот Минко Ноев да има смирение во светот кон кој сите се движиме.

Слични Објави