Мисајловски во Турција, средба со министерот Гулер и посета на меѓународниот саем за одбрана – SAHA EXPO 2024
Министерот за одбрана Владо Мисајловски и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, денеска и утре ќе ја предводат македонската делегација на 4. меѓународен саем за одбрана – SAHA EXPO 2024, кој се одржува во Истанбул, Турција.
За време на посетата на Република Турција, министерот Мисајловски ќе оствари средба со неговиот колега и домаќин министерот за национална одбрана, Јашар Гулер.
Денес и утре македонската делегација ќе оствари средби со претставници на турски компании од наменско производство и ќе има можност да се запознае со најновите техничко-технолошки достигнувања на полето за одбраната.