Мисирков е доказот за „многувековниот идентитет“ на Мицкоски
Пишува: Тони Коцев
“ Многувековниот Македонски идентитет и јазик “ за кои Мицкоски често кажува – “ отиде на кино “ со изгласувањето на извештајот во Комитетот за надворешни работи во ЕУ . Имено, усвоено е македонски јазик и идентитет , а не МНОГУВЕКОВЕН македонски јазик и идентитет , како што го прикажува Мицкоски. Не помина и Бугарскиот предлог за формулацијата СОВРЕМЕН пред македонски јазик и идентитет . Заклучок : “ Ние ќе си ја кажуваме нашата историја , а вие вашата “ и понатаму, штом не е јасно кажано дали е многувековен или современ идентитетот и јазикот.
Како и да е, реално погледнато , ниту Комитетот за надворешни работи , ниту Европскиот парламент немаат права или научна надлежност да “ утврдуваат “ идентитет или јазик на еден народ . Народот самиот го утврдува својот идентитет. Никој не може па ниту ЕУ да “ доделува “ идентитет ( освен од Белград ). Е, историските настани можат да “ утврдат “ нечии идентитет , ама некогаш , не денес . На пример , најголемиот македонец на 20-ти век К.П.Мисирков ја предвидел транзицијата на идентитетО уште пред повеќе од 100 години – “ Зошчо отцепуене од бугарите , кога ние досега сме се велеле бугари и соединението а не рацепуването прави силата “ .
Штом во Македонија , Мисирков е нај-голем македонец на 20 век и тој истиот Мисирков го запишал ова , ОЧИГЛЕДЕН е доказот на Мицко за многувековниот идентитет!