| |

Митрев од „Балкански коридор“ го честиташе Св. Сава на Србите во РС Македонија и со афоризам им се обрати на оние „нашите“ кои „лаат“ на српски

Со стар афоризам од Тиквешијата претседателот на здружението „Балкански Коридор “ Добре Митрев им се обрати на оние „нашите“ кои продолжуваат да „лаат“ на српски и ги поздрави Србите граѓани на РС Македонија, по повод нивниот празник Св. Сава.

„Има една стара приказна што се раскажува во мојот крај. За време на српската окупација, џандарите оделе по селата да видат како живее народот. Во едно село џандарот го прашал селанецот, како се викаш. Тој одговорил Петко Стојанов. Почнал да го тепa, тепа и си заминал, Утре пак истото , како се викаш, тој пак Петко Стојанов. Пак ќотек, ќотек и си заминал. По два дена пак пошол во селото. Го сретнува Петко и мy вика, како се викаш, овој од прва Петко Стојановиќ, а жена ти, Мара Стојановиќ, во тој момент залајало и кучето. Џандарот, а кучето како се вика, Петко од прва, Мрчо Стојановиќ“, пишува Митрев.

Синоќа во Македонија и кучињата лаеја на српски.
Да не бидам погрешно разбран, секој има право да си го слави својот празник. Нека им е честит празникот на Србите. Станува збор за овие нашите, што продолжуваат да „лаат” на српски“, стои во објавата на Добре Митрев од здружението „Балкански коридор“.

Слични Објави