|

Митровски за законот за амнестија за „27 април“: Пратениците да дадат шанса барем да се разгледува

Денес, во 11 часот, по десетминутното образлагање на пратеничката Дафина Стојановска, ќе се пристапи кон гласање дали предлог-законот за амнестија на осудените за „27 април“ ќе се стави на дневен ред“, напиша на социјалните мрежи адвокатот Јанаки Митровски.

„Доколку овој прв филтер не се помине, нема да има друга шанса. Затоа се апелира до сите 120 пратеници да дадат шанса барем да се разгледува предлог-законот“, напоменува тој во напишаното.

„Во понеделникот до Собранието поднесовме барање со колегата Пешевски за присуство во галеријата, а вчера сме известени од кабинетот на претседателот на Собранието дека такво барање не им стигнало иако имаме приемен печат. Доста паметно!“, потенцира Митровски.

Инаку, денеска пред пратениците во Собранието на собраниска седница треба да се најде предлог-законот за амнестија на лицата осудени за настаните од 27 април 2017 година, како и предлог-законот за амнестија.



Слични Објави