МИЗРАХИ ВО ПОСЕТА НА МАЈКАТА И СИНОТ ОД ВЕЛЕС КОИ ЖИВЕАТ ВО УЖАСНИ УСЛОВИ: СЕ ЗАЛОЖИ ДА ИМ ПОМОГНЕ
Министерката за труд и социјална политика, Рашела Мизрахи го посети мајката и синот од Велес кои живеат во ужасни услови и на кои итно им е потребна помош од државата.
-Го посетив домот на Јордан Јованов и неговата мајка Анѓелина затоа што условите во кои живеаат се загрижувачки. Очајно им е потребна помош и веднаш се заложувам да помогнам со еднократна парична помош. Исто така и од Центарот за социјални работи во Велес ќе побарам веднаш да ги посетат и да се разгледа можноста за користење на правото за социјална пензија или годишен минимален приход.
Мило ми е што веќе неколку приватни фирми се јавиле да понудат директна помош за станбениот дел, напиша Мизрахи на Фејсбук.