МКЦ И ГРАДСКОТО КИНО „МИЛЕНИУМ“ ГИ ОДЛОЖУВААТ НАСТАНИТЕ

Согласно препораките за справување со коронавирусот, Младинскиот културен ценар (МКЦ) и скопското Градско кино „Милениум“ денеска соопштија дека ги одложуваат настаните.

– Ве известуваме дека Младинскиот културен ценар и кино „Милениум“ ги одложуваат настаните до крајот на препораката. За сите нови термини навремено ќе информираме, a публиката која што има купено билети за некој од бројните настани во следниов период, нив ќе може да ги искористи за новите термини, соопшти МКЦ.

Кинотека денеска ги одложи сите настани и проекции, а Националната галерија го откажа отворањето на две изложби во Чифте амам.



Претходна статија

ОДЛОЖЕН ДЕТСКИОТ ФЕСТИВАЛ „ПОТОЧИЊА 2020“

Следна статија

МАКЕДОНСКАТА КУЛТУРА ДЕЛ ОД ИЗЛОЖБА НА РУСКИ УМЕТНИК

Најново од Култура