КУЗМАНОВСКИ РАСКИНA СО МАГДЕБУРГ: ЕДВАЈ ЧЕКАМ ДА ЗАИГРАМ ЗА ХАНОВЕР

/

Македонскиот ракометен репрезентативец Филип Кузмановски по завршување на оваа сезона ќе си замине од редовите на Магдебург, откако побарал раскин на договорот. Негов нов клуб е Хановер.

Бундеслигашот не сака да му стои на патот на бекот и се согласил на раскин на соработката, која првично требаше да трае до јуни 2022 година. Следна дестинација на Македонецот е Хановер.

„Филип има голем потенција за развој. Од наша страна тој е комплетен играч кој има квалитети на двете страни од теренот. Тој ќе ја зголеми нашата игра со динамика и атлетицизам“, рече спортскиот директор на Хановер, Свен-Сорен Кристоферсен.

„Едвај чекам да одам во Хановер, во градот, да запознаам нови луѓе. Со сите кои разговарав ми дадоа многу позитивно мислење за новата средина“, изјави Кузмановски.



Кузмановски на моменти сезонава знаеше да блесне, но во есенскиот дел имаше исклучително мала минутажа во Магдебург. Во Хановер најверојатно ќе добие повеќе простор да напредува во својата игра.

Извор: Спорт1



Претходна статија

КУРТИ ПОВТОРНО ОДБИ ДА СЕ СРЕТНЕ СО ТАЧИ

Следна статија

(ВИДЕО) ФИЛИПЧЕ: ДВАНАЕСЕТ ЛИЦА СЕ ТЕСТИРААТ ЗА КОРОНАВИРУС

Најново од Вести