МЛАДА ДЕВОЈКА ТЕШКО ПОВРЕДЕНА ВО СООБРАЌАЈКА ВО ВИНИЦА

Вести Истакнато Македонија

Во текот на вчерашниот ден во Виница 28- годишна девојка тешко повредена во сообраќајна незгода.

Вчера околу 17 часот и 25 минути на крстосницата од улиците Браќа Миладинови и Тошо Арсов во Виница се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возилоШеворлет лачети со штипски регистарски ознаки, управувано од 40- годишниот А.П од Виница, и патничко моторно возило Форд фиеста со штипски регистарски ознаки, управувано од 28- годишната Љ.К.М. од Виница.