Млади битолски уметници повторно на гостување во Бугарија
По четврти пат младите уметници од Детското ликовно студио „Свети Кирил и Методиј“ од Битола пристигнаа во Бугарија за да творат заедно со своите врсници од земјата-домаќин. Проектот се реализира по иницијатива на д-р Милен Врабевски, со финансиска поддршка од Министерството за култура на Бугарија, јавува Фондација Бугарска памет.
Во рамките на петдневната програма младите таленти ќе ги претстават на платно некои од најпознатите знаменитости на Софија и Пловдив, под мотото „Деца им помагаат на деца“ – идеја што ги поврзува уметноста, пријателството и хуманоста.
Првиот ден од престојот помина во творечка атмосфера во градот Банкја, каде што младите сликари ја пресоздадоа една од највпечатливите градби на Софија – Царската бања. Објектот оживеа во боја, насмевки и позитивна енергија, носејќи порака за пријателство и културна размена меѓу младите генерации од двете земји.
