|

Младиот Игор очаен: Јас не го добив лекот, иако е тука на клиниките

Игор Пехчевски кој боледува од церебрална парализа реагира од болничкиот кревет дека се уште не го добил лекот трикафта.

„ Се до дека не го објавив Транспарентот од болничкиот кревет, никој не знаеше што е болеста Цистична фиброза, ни медиумите, ни Македонската јавност, а камо ли за лекот трикафта. А сега кога лекот е тука и на клиниките – ЈАС ЛЕКОТ НЕ ГО ДОБИВ. Ги прашувам надлежните: „Дали ние останатите ќе го добиеме лекот на врме, затоа што болеста секојдневно е непредвидлива и прогресивна“ вели Пехчевски.

Лекот трикафта за најкритичните пациенти со цистична фиброза пред неколку дена пристигна на Клиниката за детски болести и на Клиниката за пулмологија.

Од осумтемина пациенти за кои терапијата веќе е пристигната, седуммина се возрасни, над 18 години, и едно е дете. Директорката на Клиниката за детски болести, Стојка Нацева-Фуштиќ најави дека ќе направат напор многу бргу да се обезбеди терапија за уште четворица пациенти оти со пониската цена им останале пари од сегашната набавка.

Слични Објави