|

Мнозинството граѓани немаат целосна доверба во здравствените работници, според Институтот за демократија, човекови права и дигнитет

Најновото истражување на Институтот за демократија, човекови права и дигнитет покажува дека само 43 отсто од македонските граѓани имаат целосна доверба во здравствените работници.

Спротивно на таа бројка, мнозинството граѓани, односно 57 отсто, се изјасниле дека во здравствените работници немаат целосна доверба.

Добиените информации загрижуваат со оглед на последните случувања во здравствените установи во државата, велат од Институтот за демократија.

Ова истражување е спроведено во периодот од 5 до 10 септември оваа година.

Во истражувачкиот процес учествуваа вкупно 2.000 граѓани.

Истражувањето беше спроведено на територијата на Северна Македонија, со маргина на грешка до 2 отсто, се наведува во соопштението.

Слични Објави