МНР на Бугарија внимателно ја следи состојбата во Венецуела, активиран специјален телефонски број за бугарските државјани
Министерството за надворешни работи на Република Бугарија со зголемено внимание го следи развојот на ситуацијата во Венецуела, соопштија од институцијата.
Со цел да се гарантира безбедноста на бугарските државјани кои се наоѓаат во земјата, МНР на Бугариja активираше специјален телефонски број преку кој се координираат активностите за обезбедување на неопходна помош.
Се одржува постојана комуникација со дипломатските и конзуларните претставништва на Бугарија.
Министерството ги повикува бугарските граѓани кои се наоѓаат на територијата на Венецуела редовно да одржуваат контакт со бугарските дипломатски служби и да ги следат упатствата на локалните власти.
Доколку има потреба од помош, тие можат да се обратат на деноноќниот телефон на Дирекцијата „Ситуациски центар“ при МНР: +359 893 339 616.
МНР ќе продолжи навремено да ја информира јавноста за понатамошниот развој на состојбата.

