Радев изрази сочувство до претседателот на Швајцарија по трагедијата во Кран Монтана
По повод трагедијата во Кран Монтана, претседателот на Бугарија Румен Радев изрази сочувство во писмо до својот швајцарски колега Ги Пармелин. Румен Радев изразува солидарност, во име на бугарскиот народ и во свое лично име, со блиските и роднините на загинатите и им посакува брзо закрепнување на повредените во инцидентот.
Потсетуваме дека според официјалните податоци, најмалку 40 лица загинаа, а 119 беа повредени во пожар што избувна во новогодишната ноќ во бар во познатиот скијачки центар југозападна Швајцарија.
