Македонскиот научен институт во пресрет на новото време на Бугарија, Македонија и Европа
Поздравно писмо до МНИ-Софија, 2023 г.
Почитувани,
Поминаа сто години откако проф. Иван Георгов, проф. Александар Балабанов и проф. Михаил Арнаудов, заедно со секретарот Спиро Константинов и касиерот Диаманди Николаев, го форматираа Македонскиот научен институт (МНИ) како една од најреномираните национални и политички организации на бугарите од бугарските етнички пространства. Да, несомнено тоа беше политичка, национална и културолошка организација на која до денешен ден можат да се угледаат многу институции со слични амбиции.
Бурна и непостојана е историјата на МНИ, полна со славни мигови, но и несреќни удари на ветровите на судбината. Институтот до 1944 година беше светилката на слободата и науката не само на македонските бугари, туку и на сите оние останати вон границите на Царството, за по 1945 година неговата дејност да стане бледа, политикантска и слугинска на интересите на единствениот окупатор на Бугарија – “братската“ СССР. Така, русофилството се вгнезди и претвори во ропски јарем, не само на МНИ, туку и на целиот бугарски народ. Славните научни имиња од меѓународната наука, членови на МНИ, останаа само во меморијата на генерациите-оние со бугарско образование-кои се сеќаваа на нив, за нивните места да ги заземат предателите на националниот идеал, противниците на обединувањето на бугарското племе и трговците со коските на Корифејот на нашата жед за слобода-Гоце Делчев.
Падот на системот на неправда, донесе нови размисли и Бугарија тргна по еден нов, демократски пат. Истовремено, новите лидери на МНИ, Петар Шапкарев и Димитар Гоцев, го отворија патот кон новите перспективи. Сепак, да не ги заборавиме траумите од минатото.
Добро се сеќавам кога, во моите младешки години, татко ми седеше дома и со внимание слушаше радио и ги читаше белградските весници, најмногу “Политика“. Внимателно ја следеше политичката сцена во Белград, за да ги процени евентуалните последици за себе си и за неговото семејство. Беше на јасно дека Скопје е безгласна буква во настаните кои се случуваа во Југославија. Радио Софија не слушаше, од таму доаѓаа само депресивни всти, како од радиото, така и од секогаш живите стари вмровски врски кои на некаков волшебен начин стигаа до нас. Денес не е така. Македонските бугари внимателно ја следат состојбата во Софија, внимаваат на секој потег на бугарската политика кон Македонија и нормално, поучении од историјата која ја осетиле на своја кожа, внимаваат да не бидат изненадени од некоја нова отстапка или предавство. Скопје и Белград во овој момент не се воопшто важни, нивните позиции ги следиме како фарса на некакви далечни страшни собитија кои ја промениле судбината на нашите татковци и дедовци. Нашите погледи се упатени кон Софија…само Софија да не потклекне на новите притисоци, да не се повтори некоја стара трагична ситуација. Институцијата “Државни Архиви“ издаде поредица документи кои во нас будат темни мисли. Таму може да се види евидентното бездејствие на Бугарија по однос на Македонија, по однос на заштитата на правата на македонските бугари, права национални, јазични и културолошки. Тие документи не треба да ги проучуваме само ние, тоа треба да биде елементарно четиво на секој бугарски политичар или научник, зафатен со реализацијата на правата на бугарите вон границите на земјата.
МНИ е должен пред светот да ги објасни корените на патетичното русофилство и ретроградното србофилство во земјата, да ги ревидира основните постулати на Нишката спогодба од 1923 година и да заземе позиција кон Превратот од 19-ти Мај 1934 година. Омекнувањето на антибугарските позиции во објаснувањата на овие моменти од историјата, прикриени со некаква “земјоделска демократичност“ или “звенарски републиканизам“, е само обично замајување на историјата. Со тие чинови, Македонија и бугарите вон границите на Царството, останаа вон погледите на Софија и светот. Не сакам да звучи навредливо, ама овие собитија укажуват дека Софија не имала чувство за нас, единствено се барале политички излези од изгубените војни, оставајќи ги македонците (па и тракијците) на волјата на силите кои ги претвораат во национални и политички робови.
Во овие нови времиња, се сретнуваме и со нови поимања за македонскиот национален идентитет. Притиснат од насилната политика на Белград, нашиот човек, раскрстил со југословенството, плива низ пространствата од само “етнички“ македонец до “антички“ македонец. По својата суштина, правењето антички македонци од страна на власта на Никола Груевски во себе нема ништо антибугарско. Самиот Груевски никогаш не ја достигнал висината да ги разбере бугарските етнички корени на своето племе-тоа што го направи е една чисто ментална перверзија на слабообразован човек кој по случајност станал лидер на партија и држава. За жал, античноста на македонците се претвори во национална заблуда и неконтролирано лудило!
МНИ треба да објасни дека самобитноста на македонецот не е во неговото античко поимање за себе си, туку неговата наводна самобитност и автономност е само стек на меѓународни антибугарски околности, како и во одбивање на бугарското општество да ја дели судбината со поробените бугари. Така падна Тракиското движение, така падна и ВМРО. Вината е исклучиво на Софија.
Теоријата на современиот политички македонизам за “вековната историја на македонскиот јазик“ треба да биде предмет на посебни научни опсервации. Дилемите треба да бидат разјаснети, а виновниците посочени.
МНИ пред светот, па соодветно и пред Македонија, треба елементарно да ја објасни генезата на формирањето на бугарскиот современ јазик, дејноста на русофилот Марин Дринов, дејноста на бугарските филолози и русинот Берштајн во формирањето на јазикот и правописот по 1944 година, за да станат јасни и филолошките турбуленции во бугарската јазична наука. Овде, во Македонија, се очекува валоризација на дејноста на Кузман Шапкарев и неговиот вој за единствениот бугарски јазик од Црно море до Охрид, неговите молби да бидат вклучени и западните наречја. Бугарската општност не треба да ги навредува македонците, ниту треба да се срами од нивниот говор во денешно време…ние го говориме говорот на Шапкарев и преродбениците, силно повлијаен од позицијата на поробен народ во последниве десетици години. Српскиот јазичен империјализам ги зафати сите делови на “словенскиот“ Балкан, не оставајќи ја настрана ниту Бугарија и бугарскиот јазик. Тоа е судбината на поразените. Да, да не заборавиме…почина Ото Кронштајнер, толкувачот на нашите јазични корени, бранителот на бугарскиот јазичен идентитет во Македонија. Тој барем каже дека и јазичниот формат правилно и иронично наречен “коневица“ е само бугарски јазик напишан на “српска машина“за пишување. Па и тој јазик си го бара своето место во бугаското општество, тој е бугарски по сите свои квалификативи. Кронштајнер си замина навреден од бугарското општество, длабоко потонато во својето национално безумие. Не треба да чекаме нов Кронштајнер, треба да се потрудиме да најдеме уште десетина отовци…и да им се оддолжиме човечки!
Ако вака гледаме, доаѓаме до основното прашање, што е тоа бугарин, кој е тој. Сакаме сите да бидат наши, па и сите се наши. Но има разлики.
Научните достигања на МНИ, кои се величествени, треба да бидат соодветно претставени пред европската и светската научна јавност. Историските заблуди на бугарите, треба да бидат научно образложени, со посочените заслуги за бугарското племе воопшто. Критички треба да се разгледаат позициите на некои македонски бугари, како на пример дејноста на Панко Брашнаров или Методи Шаторов Шарло. Мала е утехата дека станува дума за наши-за бугари. Па бугарин бил и ген. Христо Луков, па низ бугарските судови се влечат процеси за заслугите на неговата историска личност. Цената која треба да се плати за влез во европските и светски научни висоти е скапа, полна со сопствени ревидирања, но е неопходна. Тоа е гаранција на развојот на науката во светски рамки.
Во тој контекст треба да се проговори и за бугарите-жртви на руската агресија врз Украина и заштитата на нивните права. Повеќето од нив, со оружје во рака ја бранат слободата на Украина, посредно бранејќи ја и Европа од нашествието на рускиот агресор. Тоа се бугари во борба за одбрана на идејата за слобода, правда и еднаквост!
Бугарите вон границите на Бугарија очекуваат непрестан интерес на МНИ за нивните дејности и посочување на нивното историско наследство, како и за визиите за нивната иднина. Треба да се надминат позициите сведени на издавање пасоши, да се надмине ситуацијата дека некаква “паспортна мафија“ решава за бугарската идентичност и историско наследство. МНИ треба да помогне да се надминат нелогичностите, признати бугарски општности, како на пример бугарите-павликијанци во Иваново, Србија, признати од Белград, Будимпешта и Букурешт, да имаат проблеми да ја докажат својата идентичност во самата Бугарија. Во тој контекст, МНИ треба на научен, но и оперативен начин, да ја даде поддршката на бугарските власти, во нивните напори за зачувување на правата на бугарите во Македонија, Западните покраини, Албанија, новонаселените бугари во Грција, Косово и насекаде каде бугарскиот народ е поделен со граници, продукт на историски несреќни околности.
Времето кое доаѓа, треба да биде време на подем на науката, подем на националната идеја и време на заштита на човековите права. Тоа е времето на подем на Македонскиот научен институт. Време на силна Европа!
Примете ги изразите на моето длабоко почитување и надеж за блескави успеси во иднина!
Со почит,
Владимир Перев