СДСМ: ГО ДОНЕСОВМЕ ЗАКОНОТ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ОТПАД

//

„СДСМ е одговорна партија и презема конкретни мерки за заштита на животната средина, а со тоа и заштита на здравјето на граѓаните.

Собранието на вчерашната седница го усвои Законот за управување со отпад, со кој се забранува увозот на отпад кој се користи како извор на енергија.

Како што ветивме пред граѓаните, пратениците на СДСМ и коалицијата го поддржаа ова законско решение, кое е важно во борбата за зачувување на здравата животна средна.

Ова законско решение дополнително ќе се надгради преку измени и дополнувања по изборите, со новиот собраниски состав.

Неодговорното однесување на режимот на ВМРО ДПМНЕ цела деценија ја уништуваше природата и здравјето на граѓаните. За нив, 11 години поприоритетно беше да се украдат народните пари преку криминални проекти со чија реализација секојдневно се уништуваше тревник, парк, пешачка зона или дрворед.



ВМРО ДПМНЕ го загрозуваше здравјето на луѓето и животните, но и на самата животна средина преку сомнителното управување со депонијата Дрисла, која конечно е повторно во владение на Град Скопје. Со нелегално издавање на дозволи за управување со отпад, како и со несоодветно складирање и уништување на медицински отпад, ВМРО ДПМНЕ тоа сакаше да го спречи.

За разлика од владеењето на ВМРО ДПМНЕ, во нашата држава, се преземаат вистински мерки за управување со отпадот, вистински мерки за заштита на животната средина.

Како одговорна партија остануваме целосно посветени на системски мерки и решенија кои го унапредуваат квалитетот на живот на сите граѓани“ , изјави на денешната прес-конференција Јован Митрески, координатор на пратеничка група на СДСМ.



Претходна статија

ЖИВКОВИЌ: ЦВЕТАН ВАСИЛЕВ ГИ ФИНАНСИРА ПАРТИИТЕ НА ВУЧИЌ И ДАЧИЌ

Следна статија

ФОТО: ПОТВРДЕНО Е ПРИСУСТВОТО НА ТРОЈЦА МАКЕДОНСКИ ДРЖАВЈАНИ НА БРОД СО ЗАРАЗЕНИ ОД КОРОНАВИРУСОТ

Најново од Вести