ЖИВКОВИЌ: ЦВЕТАН ВАСИЛЕВ ГИ ФИНАНСИРА ПАРТИИТЕ НА ВУЧИЌ И ДАЧИЌ
Бугарскиот бизнисмен Цветан Василев ја финансира партијата на српскиот претседател Александар Вучиќ. Ова го објави поранешниот српски премиер и лидер на „Нова партија“, Зоран Живковиќ, цитиран од српската новинска агенција Бета.
Бугарија инсистира бизнисменот да се врати во земјата. По него има издадена потерница од Интерпол.
Бугарскиот главен обвинител Иван Гешев веќе побара поддршка од ЕУ за случајот. Василев веќе 6 години се наоѓа во Србија.
„Нашата влада одбива да го врати Василев во неговата земја затоа што тој ја финансира Прогресивната партија на Александар Вучиќ и Српската социјалистичка партија на Ивица Дачиќ“, изјави Живковиќ.