ПИКАНТНИ ЌОФТИЊА

/

Состојки:

500 гр. телешко мелено месо
1 јајце
1 печена лута пиперка
1 црвена печена пиперка, ситно исечкана
1 филџан трошки од пченкарен леб
3 лажици јогурт
1 чешне лук, ситно исецкано
1 лажичка оригано
2 лажици магдонос, ситно исецкан
1 лажиче ѓумбир, исецкан
вегета
сол
црн бибер

Гарнир:

1 филџан сварена пченка
1 црвена пиперка, ситно исечкана
1 домат, излупен и исечен на коцки
2 лажички маслиново масло
1 чешне лук, ситно исецкано
1 лажица копар
сол и бибер по вкус




1.Печената лута пиперка излупете ја, отстранете го семето и исецкајте ја ситно.
2.Трошките од лебот измешајте ги со јогуртот, вегетата, солта и црниот бибер. Потоа смесата ставете ја во месото заедно со јајцето, двата вида пиперки, лукот, ориганото, магдоносот и ѓумбирот.
3.Оформете ќофтиња и потоа ставете ги на скара да се испечат или пак испржете ги во маслиново масло.
4.За гарнирот загрејте го маслото и во него ставете ги пиперките и пченката. Промешајте 3-4 минути па додадете ги лукот, доматите и копарот. Ставете сол и црн бибер по вкус.

На здравје!

Претходна статија

ФОТО: КАКО ДА СЕ ПАРКИРАТЕ НА ПОЛИЦИСКИ НАЧИН

Следна статија

ВИДЕО: ОНА КОГА ЌЕ ТЕ ФАТАТ НА КАМЕРА КАКО ПРАВИШ НЕШТО БЕЗОБРАЗНО

Најново од Магазин