„МОЌНИК“ ВЛЕГУВА ВО СУДНИЦА, ОДБИЕНИ ПРИГОВОРИТЕ НА ОБВИНЕТИТЕ
Советот за оценка на обвинителениот акт поднесен од Основно јавно обвинителство, а во јавноста познат како „Моќник“ против 13 лица, донесе решение со кое приговорите на обвинетите се одбиваат како неосновани, а обвинителниот акт се одобрува во целост.
Предметот кој е оформен по одобрениот обвинителниот акт согласно АКМИС-системот ќе биде распределен кај судија за понатамошно судење и по насрочување на главната расправа странките и јавноста ќе бидат дополнително известени, соопшти Основниот кривичен суд Скопје.
Според обвинението, Антонијо Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ, татко му и поранешниот претседател на Комисијата за лустрација, Томе Аџиев, заеднички издејствувале за 100 денари од квадратен метар да се продаде објектот во кој биле сместени администрацијата и градоначалникот на општина Пласница.
Во случајот се инволвирани уште 10 лица кои биле вклучени во продажбата на објект во с. Ижишта – општина Македонски Брод, кој го користела општина Пласница.
По предметот, во јавноста познат како „Моќник“, пред неговото преземање од Основното јавно обвинителство Скопје постапуваше СЈО.
