МОСТ: НАЈГОЛЕМА Е ИЗБОРНАТА АКТИВНОСТ ВО ИЕ 3

Според потврдените информации добиени од набљудувачите и регионалните канцеларии на МОСТ, на гласачките места покриени од МОСТ нема неправилности, а гласањето се одвива безбедно, со почитување на здравствените протоколи.

Според податоците добиени од ПВТ програмата (паралелно сумирање на гласовите), која претставува математичко-статистички научен метод, одѕивот на гласачите по изборни единици е следниот:

ИЕ 1 – до 9 часот 8,37%, до 10 часот 12,55%

ИЕ 2 – до 9 часот 6,80%, до 10 часот 10,55%

ИЕ 3 – до 9 часот 8,66%, до 10 часот 13,68%

ИЕ 4 – до 9 часот 7,82%, до 10 часот 12,85%

ИЕ 5 – до 9 часот 6,63%, до 10 часот 10,99%

ИЕ 6 – до 9 часот 3,41%, до 10 часот 5,56%