|

Може ли да се превиди земјотрес? Холанѓанец ја објавил катастрофата на „Твитер“ пред три дена

Во случајот со разорниот земјотрес што утринава ја погоди Турција прогнозата на европски истражувач се покажа точна.

Научникот Френк Хугербитс од Харлем во Холандија на 3 февруари годинава во 13.03 часот на својот „Твитер“ објавил дека Турција, односно нејзиниот југоцентрален дел во близина на Сирија, Јордан и Либан, како што напиша, „порано или подоцна“ ќе биде погоден од земјотрес со јачина од 7,5 степени.

Sooner or later there will be a ~M 7.5 #earthquake in this region (South-Central Turkey, Jordan, Syria, Lebanon). #deprem pic.twitter.com/6CcSnjJmCV

— Frank Hoogerbeets (@hogrbe) February 3, 2023

Она што го предвиде, за жал, се оствари, а тој дел од Турција го погоди страшен земјотрес со јачина од 7,8 степени, при што, според досегашните информации, загинаа над 1.000 луѓе.

По земјотресот утринава во областа, многумина почнаа да ја споделуваат оваа објава како доказ дека земјотресите може да се предвидат.

Но, според експертите, тоа, едноставно, е прашање на случајност.

 

Научниците сè уште немаат никакви методи или уреди за да ги утврдат точното време и јачината на земјотресот.

Некои сеизмолози тврдат дека не е тешко да се погоди оти ваков разорен земјотрес ќе се случи на југот на Турција бидејќи тоа е тектонски многу активна област во која и во минатото имало разорни земјотреси.



Слични Објави