| |

МПО со протестно писмо до првите луѓе на државата Охајо, заради нивен проглас кој содржи невистинити наводи за емигрантите од географска Македонија во САД

Претседателот на МПО Стив Петров испрати протесно писмо до гувернерот и до лејтенант гувернерот на државата Охајо во САД. Протестното писмо на првиот човек на МПО, доаѓа како реакција на проглас на гувернерот на Охајо, кој содржи невистинити наводи во однос на македонските доселеници во САД, инспирирани од организацијата Обединета македонска дијаспора (UMD).

Во писмото Петров ја искажува загриженоста на МПО во врска со прокламацијата на гувернерот на државата Охајо и го повикува истата да ја повлече.

Во протестното писмо претседателот на МПО параграф по параграф ги посочува недостатоците на прокламацијата за 8 септември, како „Ден на македонската независност“.

„Како членови на MПО и потомци на македонските Бугари, кои се основачи на нашaта
стогодишна организација, чувствуваме обврска да ја споделиме со вас нашата загриженост во врска со текстот на Прогласот, како и некои факти од вистинската историја на македонската
емиграција во САД.“, стои во писмото на претседателот на МПО Стив Петров.

Потоа во писмото е изразена загриженоста на МПО поради фактот што историските факти како например дека терминот „Македонец“ до 1944 г. го означува регионалниот идентитет на човек од Македонија, појаснувајќи дека терминот важи за сите етнички заедници на територијата на Македонија, од кои, најмногубројна е бугарската.

Во писмото се наведува уште дека по наметнувањето на комунистичкиот режим во полуавтономната СР Македонија, во земјата насилно се наметнува и нов македонски идентитет, којшто е основан на бесен и расистички антибугаризам, за да се обезбеди социјално и политичко единство. Со тек на времето, како што стои во писмото дел од населението го прифаќа новиот идентитет.

Од МПО се децидни дека според нив прогласот е агресивен обид за културно присвојување, кој има за цел да ги претстави сите емигранти во САД како „етнички Македонци“, што според најстарата емигрантска организација на македонските Бугари во САД и Канада е „фалсификување на историската реалност, создадена од неокомунистичките симпатизери на поранешна Југославија“ .

Во продолжение го објавуваме целосниот текст на протестното писмо на претседателот на МПО Стив Петров до првите луѓе на државата Охајо.

Почитувани гувернер ДеВајн и лејтенант-гувернер Хастед,

Ви пишувам во име на Македонската патриотска организација (МПО) – организација која е
основана во 1922 година од иселеници од трите региони на Македонија и која продолжува да биде поддржувана од нивните потомци до денешен ден. Мисијата на МПО е да ги поддржува сите Македонци во светот, без разлика на нивната етничка припадност, да ги промовира и да ги чува традициите, обичаите и историјата на нашиот народ, да го стимулира културното и општественото созревање на нашата младина. Членовите на МПО се горди Американци кои се
олицетворение на националното кредо на САД – американскиот сон, и нејзината посветеност кон демократијата, човековите права, еднаквоста и слободата.

Истакнувајќи го ова МПО ја изразува својата загриженост во врска со Вашиот проглас
од 8 септември 2022 година, именуван како „Ден на независноста на Македонија“ – Прилог 1.
Како членови на МПО и потомци на македонските Бугари, кои се основачи на нашата
стогодишна организација, чувствуваме обврска да ја споделиме со Вас нашата загриженост во врска со текстот на Прогласот, а исто така и некои факти од вистинската историја на македонската емиграција во во САД.
Прво, би сакале да го забележиме добро познатиот факт дека Македонија е географски регион кој вклучува територии на четири различни суверени држави: Бугарија, Грција, Албанија и Северна Македонија (поранешна југословенска република, независна од 1991 г.). Терминот „македонски“ не е и не може да носи никаква референца на посебен македонски етникум во годините пред 1944. Терминот едноставно означува дека некој бил од географскиот регион Македонија. Така „Македонец“ во годините пред 1944 година може да биде етнички Бугарин, Турчин, Грк, Албанец или Влав, а најбројна заедница биле Бугарите. Ова е утврден факт, кој лесно може да се провери во современите извори, вклучувајќи ги и оние извори што потекнуваат од САД.

Со воспоставувањето на комунистичкиот режим во Југославија по 1944 година, новата
федерална држава ја опфаќа и полуавтономната Социјалистичка Република Македонија.
Комунистичките власти насилно наметнаа нов македонски идентитет заснован на насилен и расистички антибугаризам за да се обезбеди општествено и политичко единство. Со текот на времето, дел од населението го прифаќа овој идентитет. Однесувајќи се со почит кон чувствата на оваа нова група луѓе, историјата на другите народи во регионот не може и не смее произволно да се фалсификува или погрешно да се прикажува.

МПО е длабоко вознемира поради тоа што овие важни факти не се спомнати ниту еднаш во Прогласот и поради тоа што македонските Бугари се целосно исклучени од неговиот опсег и што голем дел од историјата на Бугарските Американци е избришана од наследниците на комунистичката идеологија. За нас, овој Проглас е очигледен обид за агресивно културно присвојување со цел сите иселеници од географскиот регион на Македонија да се прикажат како „етнички Македонци“ – што е фалсификување на историската реалност создадена од неокомунистичките симпатизери на поранешна Југославија. МПО во текстот на Прогласот од 8 септември 2022 година гледа категорично погрешно претставување и на историската и на денешната реалност. Расте загриженоста дека ова ќе се искористи за да се постигнат себичните цели на северномакедонските националисти, вклучително и културното присвојување на наследството на Бугарските Американци. Посебна загриженост за заедницата е очигледното влијание на организации како што е „Обединетата македонска дијаспора“ во државата Охајо, која не штеди напор да го поткопа развојот на добрососедските односи во балканскиот регион, а и во светот.

Ставот на МПО е дека текстот на Прогласот најверојатно е подготвен од организацијата „Источноевропски конгрес од Охајо“ и од претставници на националистичката организација „Обединета македонска дијаспора“. Згора на тоа, Прогласот ја нарекува современата држава „Македонија“ и го признава „Денот на независноста на Македонија“ наместо да го користи меѓународно признатото име Република Северна Македонија или скратено Северна Македонија. Овој пристап е во спротивност и со стандардите на ОН за меѓународното право и со воспоставената надворешна политика на САД.
Името Македонија отсекогаш предизвикувало контроверзии, бидејќи неговата ексклузивна употреба од која било земја во регионот се доживува како претензија за територија, културно наследство, заштитени марки итн. на други земји. Поради оваа причина, тогашната Република Македонија во 2018 година го потпиша познатиот „Договор од Преспа“ со Грција и го промени своето име во Република Северна Македонија за да спречи понатамошна конфронтација во регионот. Оваа промена беше и одлучувачки услов за прием на Северна Македонија во НАТО.

Во ставот 3 од Прогласот се вели дека „Македонија е единствената држава наследничка на Југославија која независноста ја стекнала по мирен пат“. Ова го прикрива фактот дека во 2001 година вооружено албанско востание ја потресе Северна Македонија како одговор на систематската дискриминација и репресија врз албанското население од страна на македонските власти, кои продолжија да ја спроведуваат југословенската политика дури и по прогласувањето на независноста. Тврдењето е исто така фактички неточно, бидејќи во 2006 година Црна Гора се отцепи од Република Србија и Црна Гора (наследник на Југославија) ​​по мирно организиран и спроведен референдум.

Ставот 4 од Прогласот се однесува на „античките Македонци кои живееле во регионот помеѓу 7000 и 3500 година п.н.е.“. Ова е сериозно кршење и на историската реалност, како и на погоре наведениот „Преспански договор“ од 2018 година. Нема апсолутно никаква научна или друга врска меѓу современото население на Северна Македонија и иселувањето од регионот од една страна и античките Македонци од друга страна. Овој факт е препознаен од владата на Северна Македонија и е предвиден во одредбите на горенаведениот „Преспански договор“ од 2018 година.
Ставот 5 од Прогласот тврди дека „Охајо е дом на повеќе од 100.000 Американци со македонско потекло“, без да се наведе нивната етничка припадност или периодот на пристигнување во САД. МПО ја изразува својата загриженост затоа што ваквата преголема генерализација без извори ги поттикнува обидите за културно присвојување од страна на современите северномакедонски националисти на наследството на илјадници бугаро-македонски емигранти. Како што е наведено погоре, географскиот регион Македонија спаѓа во териториите на неколку современи држави и со векови е мултиетничка област.

Во ставовите 6 и 7 од Прогласот браќата Кираџиеви се наведуваат како најпознати „македонски Американци“, Том и Џеф, кои во 1922 година го создаваат познатото „Синсинати чили’. Потомците на македонско-бугарската заедница во Охајо и САД се многу погодени од оваа очигледна лага на северномакедонските националисти. Впрочем и двајцата браќа се Бугари од географската област Македонија, разговорно наречени македоно-бугари. Синот на Том Кираџиев, Џо Асен Кираџиев, јасно наведува во проектот Историја на ветераните, направен од Јавната библиотека на Синсинати и округот Хамилтон, дека неговите родители биле Бугари, а не Македонци, и дека неговите родители биле од Бугарија, од регионот на Македонија.
Дополнително, записите за имиграција во САД покажуваат дека неговата мајка, Сијка Кираџиев, е родена во Софија, Бугарија, и се идентификувала како Бугарка (Прилози 2, 3, 4 и 5).
Со оглед на наведеното, ние, членовите на Македонската патриотска организација, бараме да ги повлечете вашите ценети потписи од горенаведениот Проглас. Оваа ваша акција ќе биде прифатена од МПО и македоно-бугарската заедница во Охајо како значаен гест за враќање на историската вистина и зачувување на наследството на илјадниците македоно-бугарски иселеници, чии потомци денес се составен дел на општествениот, економскиот и културниот живот на големата држава Охајо.
Како заклучок, ве молиме не двоумете се да ја контактирате Македонската патриотска организација за каква било понатамошна иницијатива во врска со наследството на македонските Бугари во САД или било која друга работа што влијае на географскиот регион Македонија и на Балканот.

Почитуван гувернер ДеВајн и почитуван лејтенант-гувернер Хастед, Ве молиме да го прифатите нашето уверување за огромната почит кон Вас.

Со почит: Стив Петров, претседател на МПО.



Слични Објави