МУСЛИУ: ГИ ЗНАЕМЕ НАШИТЕ КВАЛИТЕТИ, СО ТИМСКА ИГРА ДА СТИГНЕМЕ ДО ПОБЕДА!

Македонскиот репрезентативен стопер Висар Муслиу пред задутрешниот меч со Словенија, клучен за овие евроквалификации и трката на Македонија директно да се пласира на Евро 2020, посочи дека црвено-жолтите со тимска игра може да стигнат до толку посакуваната победа на Националната Арена „Тодор Проески“ (20.45 часот).

Муслиу ќе мора со други партнери во одбраната да одигра против Словениците, зашто стандардните Дарко Велковски е повреден, а Егзон Бејтулаи – суспендиран.

„Во Словенија дојдовме до резултатот што го посакувавме тогаш, иако не победивме, но после тие два последни меча ги вративме надежите за ЕП и сега имаме предизвик да се бориме за ЕП. Но, треба сега тоа да го потврдиме со добра игра со Словенија, да победиме, па во Полска да патуваме по тоа чудо. Ние ги знаеме нашите квалитети, само треба да ги потврдиме тие тимски карактеристики на терен. Само со тимска игра можеме да дојдеме до победа. Нема да играат Велковски и Бејтулаи, но ние не се делиме, знаеме дека сите што ќе играат, ќе дадат се од себе. Ние сме добри играчи и можеме да играме со секого“, вели Муслиу.

Извор: Спорт1



Слични Објави