ПОМПЕО: САД САКААТ ГРЦИЈА ДА ГО ПРЕДВОДИ БАЛКАНОТ
САД сакаат Грција да го предводи Балканот, истакна американскиот државен секретар, Мајк Помпео.
Државниот секретар на САД, за атинската телевизија „Скај“, рекол дека Соединетите држави сакаат стабилен Балкан, затоа што регионот е „полн со предизвици“ и дека сакаат да ја видат Грција да предводи.
„Сакаме нов почеток со новиот премиер Киријакос Мицотакис и неговиот тим да го предводат регионот напред и да создаваат стабилност низ целиот регион“, порача Помпео.