|

МВР: Да ги заштитиме децата во сообраќајот! Безбедноста зависи од сите нас!

Со почетокот на новата учебна година 2022/2023 Министерството за внатрешни работи и Републичкиот совет за безбедност на патиштата почнаа со превентивни активности под мотото „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“, кои ќе се реализираат во текот на целата учебна година.

-Целта на кампањата е да се запознаат децата со основните правила и прописи во сообраќајот заради осигурување на нивната безбедност, но и да се подигне свеста кај возачите кога управуваат возило во близина на училишта и градинки. Денешната превентивна активност беше реализирана во основното училиште „Димитар Миладинов“ во скопската општина Центар, велат од МВР.

Слични Објави