ФРЛЕНА БОМБА КАШИКАРА НА ТЕРАСА ОД КУКА ВО КУМАНОВО-НЕМА ПОВРЕДЕНИ
Рано утрово 26 годишниот кумановец М.Ц. пријавил во полициската станица Куманово, дека додека спиел слушнал детонација на терасата од првиот кат од сејмената куќа. Притоа, било скршено прозорското стакло, а била оштетена ролетната и ѕидот. Повредени лица нема. Увид на местото извршила екипа од СВР Куманово. Од местото биле подигнати фрагменти од бомба-кашикара за вештачење. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

