|

Столтенберг: НАТО е подготвен да ја брани секоја педа од својата територија

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг денеска изјави дека Алијансата е подготвена да се брани од секаква закана.

„Испративме јасна порака до Москва и Минск, дека НАТО е тука да го заштити секој сојузник и секоја педа од својата територија“, изјави Столтенберг по средбата со лидерите на седумте членки на Алијансата во Хаг, пренесува Ројтерс.

Одговарајќи на новинарско прашање за ефектите од преместувањето на војниците на паравоената група „Вагнер“ во Белорусија, тој рече дека е рано да се шпекулира за тоа.

„Прерано е да се извлечат какви било заклучоци за последиците од тоа што Пригожин се преселил во Белорусија и дека најверојатно дел од неговите војници ќе бидат лоцирани и во Белорусија“, рече Столтенберг.

Од друга страна, полскиот претседател Анджеј Дуда изјави дека НАТО мора да даде остар одговор на трансферот на трупите на „Вагнер“.

Навистина е сериозно и многу загрижувачко и мораме да донесеме многу цврсти одлуки. Ова бара многу, многу остар одговор од НАТО“, изјави Дуда по средбата со другите лидери на НАТО во Хаг, пренесува Танјуг.



Слични Објави