ОДБЕЛЕЖУВАМЕ 1000 ГОДИНИ ОХРИДСКА АРХИЕПИСКОПИЈА

Вечерва во катералната црква „Света Софија“ во Охрид со почеток од 18:30 часот, ќе се одржи централната свеченост на одбележувањето на илјадагодишнината од основањето на Охридската архиепископија.  На Свечената академија е предвидено да се обратат поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија г.г. Стефан, митрополитот на Дебарско-кичевската епархија владиката Тимотеј, претседателот на државата Ѓорѓе Иванов и премиерот Зоран Заев.